речник контакт

Десетина сантиметри фалат за Вардар да се излее во Велес

Доджот престана и засега нема можност реката да поплави, но од утре нови врнежи

Петар Печков

Нивото на реката Вардар во Велес, под Мало мовче денеска изнесувале 250 сантиметри, што е повеќе за 112 сантиметри споредено со вчера пред врнежите, кога изнесувал 138 сантиметри. Ова се информациите од УХМР.  Според информацијата Центарот за справување со кризи, критичната точка за излевање на Вардар во Велес е 259 сантиметри, што е за само 9 сантиметри повеќе од сегашното ниво. 

Поради тоа што денеска престанаа врнежите од дожд, засега нема опасност од излевање на водите на Вардар во Велес. Но од УХМР има најава од нови врнежи од дожд што ќе влијае за  натамошно зголемување на нивото на водите во Вардар изјави  Наташа Петрова.од ЦУК. 

Дел од велешани, кои имаат куќи во ниските делови покрај Вардар, во центар, во Речани, Шорка веќе се мобилизарани и ја следат состојбата. Стравуваат за својто имот и дали реката ноќеска ќе го искачи своето ниво.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »