речник контакт

Десетина села во велешко отсечени од светот

Жителите на отсечените села во телефонски разговор бараат помош а ќе ја добијат ли?

Петар Печков

Според информациите   на Дирекција за заштита и спасување непроодни патни правци  во велешко се :
              -  Патен правец Општина Чашка – с.Степанци             
              - Патен правец Општина Градско – с.Чичево – с.Подлес
             -  Патен правец с.Грнчиште – с.Скачинци
             - Патен правец с.Дреново – с.Д.иГ.Јаболчиште

Последици од снежни врнежи од претходните денови и нови проблеми од синоќешните врнежи од снег и истите имаат предизвикано многу прекини и отежнато движење на повеќе патните правци на подрачјето на ДЗС ПО Велес.

Превземени мерки и активности : Според информацијата добиена утрово Ве известуваме дека на подрачјето на Општина Велес имаме повеќе села што се отсечени, а предизвикани од новите снежните врнежи . Отсечени села за кои имаме информација се: Ветерско, Слп, Белештевица, Карабуниште, Џидимирци, Рудник, Лугунци, Р`левци, Бузалково, Д. и Г.Јаболчиште, Крајници, Мокрени, Крнино, Габровник, Ораов дол, Грнчиште, Скачинци .

ДЗС ПО Велес имаше добиено Одлука за мобилизација и ангажирање на една градежна машина од ДГ Изгрев од Велес за чистење на патен правец кон  Долно и ГорноЈаболчиште .Според сознанијата и информациите не успеале да исчистат до с.Г.Јаболчиште и според проценката на Директорот на ДГ Изгрев се вратиле бидејќи немало можности за чистење.

Македонија пат – подружница Велес ги чисти и врши посолување на сите патни правци спрема нивната програма по приоритет, улиците низ градот, како и кон виталните објекти во градот ЈЗО Болница, Мед. центар-Велес, гробишта.

информацијата  е  од Дирекција за заштита и спасување

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »