речник контакт

Десетмина прилепчани кои ја сечеа шумата кај село Степанци со условни затворски казни

Обвинетите фатени како ја пустошат шумата, за неколку часа исекле околу 12 м3 дрво вредно 83 илјади денари. Автомобилите лада запленети

Петар Печков

Шестмина прилепчани добија  условни затворски казни, за кражба на дрвја во реонот на село Степанци, на планината Мукос. Алија Асаноски,  Џенгис Асаноски, Октај Ахмедовски, Џејкан Алиев, Фикрие Рамаданоски, Зафир Реџепоски  се позгласени за винови во Основен суд Велес  за кривичното дело ,,кражба,,  и добија  по пет месеци  затвор, за секој од  обвинетите,  кој нема да се изврши доколку во време од две години по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. 

На 18 февруари лани  биле фатени  на дело, обвинетите Алија Асаноски, Џенгис Асаноски, Октај Ахмедоски и Џејкан Алиов,  како  со четири моторни пили ја сечат шумата покрај стариот пат Велес – Прилеп, во близина на село Степанци. 

Ова го сториле со четири моторни при, при што исекле и одзеле 3,23 м3 дабово дрво во вредност од 22,5 илјади денари.  Со дрвото стопанисува ЈП Македонски шуми, Шумско стопанство ,,Бабуна,, Велес.  Истиот ден 18 февруари лани,  во близина на првата откриена група,  биле фатени  други двајца обвинети  Фикре Рамаданоски и Зариф Реџепоски како   со две моторни пили исекле и одзеле 1,6 м3 дабово сурово огревно дрво во вкупна вредност од 11,2 илјади денари.

Осудените шестмина треба во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата, на ШС ,,Бабуна,, да ја надоместат штетата од  33,7 илјади денари. На сторителите им се одземени моторните пили како и пет автомобили марка ,,лада,, со кои превозни средства ги транспортирале исечените дрвја.  

Исто така со пресуда, но во друг предмет  на Основен суд Велес, група од четворица прилепчани се осудени   на условна затворска казна од три месеци, која ќе ја одлежат ако во следната година дена сторат ново кривично дело.  Алберт Раифовски, Денис Акифовски, Најдо Елезовски и Ерџан Исмаилоски  се  прогласени за виновни за кривично дело ,,кражба,, и  треба да ја платата  штетата во износ до 49 илјади денари.  

На ден 3 февруари лани,  четворицата обвинетите со моторна пила  исекле  и одзеле 7 м3 дабово сурово огревно дрво, во близина на село Степанци, планината Мукос на стариот пат Велес – Прилеп, при што на дело биле фатени од шумската полиција. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »