речник контакт

Дете паднало од платформа на сендвичара по скали, поради повреди на глава пренесено во Скопје

Двете малолетни ќерки го пријавиле таткото за физичко малтретирање, сообраќајка на автопaт жена со скршеници, три лице нападнале гостин во утостителски објект

Петар Печков

Четири настани регистирани на подрачјето на СВР Велес. 

„На 10 јуни во СВР Велес е пријавено дека околу 22:00 часот, додека 41-годишната А.Н. од Велес со својот малолетен син била во сендвичарница во Велес, на платформата од објектот каде што седеле, во еден момент детето паднало по скалите“- соопштија од СВР Велес. 

„Вчеравечер донесено е дете со тешки повреди на глава, дадена е здравствена помош и итно пренесено на  неврохиругија во Скопје“ – кажа д-р Анамарија Џунџева портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
„На 11јуни во 01:30 часот во СВР Велес, Б.К.(27 год) од село Горно Оризари, велешко, пријавил дека во угостителски објект во Велес бил физички нападнат од С.А. од село Бузалково, велешко, М.А. и уште едно машко лице. Дел од присутните гости ги спречиле напаѓачите да продолжат со нападот, а откако ги извлекле надвор од објектот М.А. земал тврд предмет и се обидел повторно да влезе во објектот и да го нападне пријавителот, но повторно бил спречен од присутните“ – информираа од СВР Велес.

„На 10.јуни  во 02:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на делницата од автопатот Велес-Градско, патничко возило „шкода октавија“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.В.(31 год) од Кавадарци, изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 59-годишна сопатничка Д.В. од Кавадарци“ – соопштија од СВР Велес. 

„Констатирани се тешки повреди   скршеници градна Коска, долна подлактица, пациентката е  задржана 24 часа и пуштена дома“ – кажа  д-р Анамарија Џунџева портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

„На 9 јуни во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.С.(45 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна ќерка дека во семејниот дом физички ја нападнал. Исто така, и од Центарот за социјални работи Велес било пријавено дека изминатите неколу денови, Б.С. физички ја нападнал и неговата малолетната ќерка, при што употребил и дрвен предмет. Според пријавеното, тој подолг период ги малтретирал и физички напаѓал неговите ќерки“ – информира од СВР Велес. 

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »