речник контакт

Дете пронајдено на улица со тешка телесна повреда, пренесено на Детска клиника во Скопје

Истрагата на СВР Велес, треба да открие што се случило со детето, како е тешко повредено

Петар Печков

Дванаесет годишно дете било пронајдено премрзнато,  повредено близу Ловното, од задна страна на Ликовниот салон. Екипа на Итната помош му дала прва здравствена нега, констатирала отворена повреда на брада и го префрлила на хирургија, во велешка болница. Настанот се  случил во саботата на пладне.

„На 11 февруари  околу 13 часот во СВР Велес е пријавено дека во Општата болница Велес бил донесен со тешки телесни повреди малолетник од Велес, кој бил пронајден на ул.„Алексо Демниевски Бауман“ во Велес“- соопштија од МВР.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и  преземаат мерки за расчистување на случајот.

„Во болницата е донесено повредено дете, снимките покажале дека има свршеница на долна вилица. Поради спецификата на повредата е пренесено на Детска клиника во Скопје“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »