речник контакт

Детска академија Браин о браин Велес со грст медалји на националниот натпревар

Од велешкиот центар учествувале 20 дечиња кои освоиле пет пехари, осум златни и шест сребрени медали и пехар за франшизниот центар и пехар за тренерот.

Петар Печков

На четвртиот „Национален Абакус натпревар“ кој се одржа во Скопје, децата од „Детска академија Браинобраин Велес“- постигнаа одлични резултати и освоија пет пехари, осум златни и шест сребрени медали  и пехар за франшизниот центар и пехар за тренерот.

На натпреварот учествувале  600 талентирани деца од девет македонски градови  кои се натпреварувале во 38 категории. Од велешкиот центар учествувале 20 дечиња.  

Децата се на  возраст од 4 до 14 години се натпреварувале  во три минутно решавање на „Бреинобреин“ тестовите, со што се мери нивната точност, брзина, фокусираност, концентрација, визуелизација и фотографска меморија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »