речник контакт

Детска љубов на тинејџери, завршила со бегство од дома

Полицијата трага по 14 годишно девојче од Куманово и 15 годишно дете од Велес

Петар Печков

Петокот навечер на 15 март годинава  во 22 часот во ПС Куманово Р.Х.(44) од Куманово пријавил дека, неговата 14 – годишна ќерка се оддалечила од домот, а истиот ден околу 21.30 часот во ПС Велес, Т.Ј.(40) од Велес пријавил дека, околу 19.00 часот во неговиот дом дошл токму пријавеното дете од Куманово, кое било во љубовна врска со неговиот петнаесетгодишен син.

Истото и предходно доаѓала кај нив повеќе пати. Двете деца му кажале дека сакаат да живеат заедно, по што, тој им кажал дека ќе ги пријави во полиција зашто се малолетници и несака да има проблеми со полицијата. Потоа, тие излегле од домот и заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на децата.    

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »