речник контакт

Дефилирај, не се фолирај (фото)

Младите од Црвениот крст испатија моќна порака за соживот, толеранција, мир, промовираа хуманите вредности

Петар Печков

Со знамиња, пароли и пораки, околу  200 учесници од Велес испратија силна и моќна порака за соживот, толеранција, вклучување и мир. На ПХВ Дефилето под мотото „Дефилирај - не се фолирај“, учествуваа волнтерите од циклусот 2019-та на Програмата „Црвен крст во акција – промоција на хуманите вредности“, членовите од Клубот на Млади на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес, претставници од основните, средните и посебното училиште, наставници, професори, родители. 

Дефилето започна на кружниот тек кај Авона и се движеше по главната улица „Благој Ѓорев“ до платото пред Театар Џинот. Локалниот ПХВ дисеминатор Александра Здравевска, заедно со останатите учесници, потсети на  значењето на Програмата за промоција на хуманите вредности и осумте проекти кои се реализираа во 2019 година и со што им  помогнаа на семејства или лица кои имаат таква потреба.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »