речник контакт

Дефинитивна казна затвор за Левко Картинов

Апелациониот суд до Скопје ја потврди казната затвор во времетраење од петнаесет години за велешанецот Левко Картинов...

Петар Печков

Апелациониот суд до Скопје ја потврди казната затвор во времетраење од петнаесет години за  велешанецот Левко Картинов (47 год)   кој беше осуден за брато убиство и убиство во обид на снаата.

Неговата  одбраната се жалеше на ваквата пресуда,  бидејќи станувало збор за дело со друга квалификација, сторено во посебни услови, атмосфера и напнати меѓусебни односи, дело кое е сторено во афект, но Апелација жалбата ја одби.  

Левко Картинов беше  прогласен за виновен за двете кривични дела по што петчлениот кривичен совет при Основниот суд во Велес, со кој претседаваше судијата Илија Танев му одреди единствена  казна затвор во времетраење од 15 години.

Картинов беше осуден за убиство на брат му Драган (43 год) за што доби 13 години и убиство во обид, за снаа му Виолета (40 год) за што доби три години или единствената изречена казна е максимална, затвор во времетраење од 15 години.

Врз основа на изведените докази, изјавите на сведоците, судот оцени дека Левко Картинов е сторителот на ова тешко дело за кое нема олеснителни околности Во доказната постапка четворица сведоци изјавија дека го виделе Левко како клечи над брат му Драган и безмилосно го боде со нож во пределот на срцето.

Осудениот Картинов во завршните зборови рече дека тој жали по брат му но не се чувствува за виновен и тој не  е убиец. Левко Картинов е осуден за братоубиство кое се случи на на 19-ти мај минатата година во 1.25 часот по полноќ кога  по расправија поради прегласна музика за матурска прослава на внукот,  беше убиен со неколку убоди со нож брат му Драган Картинов (43 год) а прободена беше и неговата сопруга Виолета Картинова, со кои живееле во иста куќа. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »