речник контакт

Дефицитарните занимања од Велес се ослободени од фирмарина и комунална такса

На листата се 16 занимања во изумирање, јажар, семкар, пекар, грнчар, оружар.

Петар Печков

 Советот на општина Велес  донесе одлука за определување на дефицитарни занимања и занаети во изумирање, кои за нивен опстанок ќе  добиваат одредени економски погодности. Вршителите на овие  занимања и занаети  се ослободуваат од плаќање на комунална такса за фирма.

  Со цел да се изврши определување на дефицитарните занимања и занаети во изумирање кои егзистираат на подрачјето на општината, се обративме до Регионалната занаетчиска комора. Побаравме мислење кои се занимања и занаети постојат во Велес  и кои  се во изумирање. Доставено е листа и  мислење со определен број на занаети и занимања, кои се и предлог за определување на дефицитарни занимања и занаети во изумирање – изјавија од Општина Велес.

На листата од 18 занаети најбројни се столари 9, шивачи и чевлари по 4, а има и ковачи, лимари, саатчии, и по еден јажар, семкар, пекар, грнчар, оружар. На листата од изумрени во Велес има два занаети  кој никој веќе не ги работи самарџија и колароковач.  Давачката која треба да ја плаќаат, но повеќе не, за фирмарина и комунална такса е околу илјада денари годишно.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »