речник контакт

Децата на улица, родителите спијат

И натаму продолжува присуството на малолетници по локалите после полноќ, што е законски казниво а социјално неодговорно

Петар Печков

На  08 и 09 октомври  во времето 00,00-03,00час. од страна на полициски службеници од Полициска станица Велес извршена е контрола во повеќе угостителски објекти во градот, која се однесувала на присуство на малолетни лица во објектите после 24час и точење алкохол на малолетни и пијани лица.

При контролите констатирани се два прекршока „Овозможување присуство на малолетни лица во угостителски објект после 24час. “ , односно на 08.10.2011 во 00,30час. во сендвичара „Круг“ затекнати се три малолетни лица, и во 01,30час. во забавни игри ТП „ Роџер “  затекнати се исто така три малолетни лица.

Малолетниците со потврда се предадени на родителите. Од страна на полициските службеници изготвен е записник за констатиран прекршок и против правното лице и одговорното лице ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочна постапка до надлежниот суд.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »