речник контакт

Децата од градинка учеа за сообраќајните правила

Им биле поделени пригодни едукативни материјали – боенки- од областа на сообраќајот

Петар Печков

Децата од детската градинка „Димче Мирчев“ беа  едуцирани за сообраќајот. Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со полициски службеници од Полициското станица за безбедност на патниот сообракај Велес, во градинката “Димче Мирчев“ во Велес беше реализирана едукативна работилница.

„Темата беше сообраќај, сообраќаен полицаец и сообраќајна безбедност, наменета за деца од предучилишна возраст. Полициските службеници низ интерактивен пристап ги запознаа децата за улогата и работата на сообраќајниот полицаец, како и за основните правила и прописи важни за безбедноста на децата во сообраќајот како пешаци“ - соопштија од МВР.

Во разговори со децата, низ практични примери, тие имале можност да се запознаат со начинот на кој функционираат семафорите, зошто се важни тие, што значи пешачката “зебра“, како да се движи пешакот по тротоар и слично.

На децата од страна полициските службеници, им биле поделени пригодни едукативни материјали – боенки- од областа на сообраќајот.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »