Петар Печков
Објавено: сабота, 12 април 2025
Децата од Детската градинка „Димче Мирчев“ и Спортска Академија Јуниор денес ја пошумуваа околината на езеро Младост, која е во државнa сопственост. Bo акцијата ,,Засади дрвце, засади радост” беа засадени две илјади садници. Децата беа во придуржба на нивните воспитувачи и негувателки, како и родителите и сите заеднички учестуваа во оваа масовна активност.
„Ова беше вистинска прослава на природата. Се чувствуваше позитивна енергија од моментот кога родителите и децата се собраа на локацијата. Дечињата, со насмевки на лицата, со ентузијазам научија за значењето на дрвјата преку сопствено искуство. Засадувањето не беше само физички чин, туку и манифестација на нивната посветеност кон животната средина. Гледајќи ги како со љубов и внимание садат дрвца, се создаваше чувство на заедништво и соработка. Се создаде ,,Нашата волшебна шума”- порачаа од Детските градинки Димче Мирчев.
Нека овој настан биде само почеток на традиција со која даваме можност на најмалите да ги усвојат вистински вредности за природата!
Tweet |