речник контакт

Децата по дома, кафаните со музика на увце

Ноќниот живот во Велес по закон. Kонтроли на СВР Велс покажале дека нема гласна музика, нема деца по полноќ во угостителските објекти ниту пак им се точи алкохол.

Петар Печков

Во контроли во угостителски објекти  во Велес и тоа во деновите 27 јуни , 1, 2. и 3 јули годинаva сопствениците го почитувале Законот.

Контролата на СВР Велес се однесувала на мерење на нивото на бучава која произлегува од угостителскиот објект, присуство на малолетни лица во угостителски објекти после 24час, како и точење алкохол на пијани и малолетни лица.

При тоа, контролирани се кафе баровите Стоунс, Ескејп, Прего, Аквариус, Сити, Фратело, рестораните Болетус, Софра, Дионис и кабареата Импакт и Ноктурно. При контролите, не се констатирани прекршоци ниту кривични дела

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »