речник контакт

Дејан Димовски го фати крстот на Водици 2022 во Велес (фото и видео)

Имав некое такво чувство дека ќе се случи чудо и ќе го фатам крстот кажа Дејан

Петар Печков

 
Дејан Димовски на 36 години, возраст беше најумешниот и најсреќниот на денешниот празник Водици, при фаќањето на Светиот крст.  По него скокна 60 велешани колку што беа пријавени. Пред многубројните граѓани кои го проследија настанот, крстот во водите на Вардар го фрли Владиката Агатангел, Митрополитот на Повардарската епархија.
„Прв пат скокам. Имав некое такво чувство дека ќе се случи чудо и ќе го фатам крстот. Затоа скокнав и успеав. Посакав среќа здравје и за мене и за сите“ - рече Димовски, кој е вработен во велешки „Брако“.     

Тој од Повардарска Епархија на МПЦ-ОА доби златен крст и Библија. Беше даруван и од кумот Ване Ѓошевски со телевизор, од спонзорот аптеки „Зегин“ со машина за перење.  Заменикот градоначалник на Велес Коста Нојков му врачи чек во вредност од 15 илјади денари, а истата вредност чек доби и до директорот на ЈКП Дервен Горан Наумчев.

Дејан има можност во следните 40 дена да ги посетува домовите на велешани, кои ќе го даруваат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »