речник контакт

Дивите продавачи надвор од пазарот, нелојална конкуренција

Тие биле согласни со пуштањето на долниот дел до покриениот пазар таму да се сместат и закупат тезга

Петар Печков

Одделението за пазар при ЈКП Дервен реагира на нелојалната конкуренција, од диви продавачи кои се пред влезот на пазарот. Таа е проблем за работата на продавачите кои закупуваат тезги во покриениот пазар но и за самото ЈП.

„Како одделение пазари се соочуваме со нелојална конкуренција од страна на продавачи кои што се стационирани во непосредна близина на пазарот, паркингот до пазарот, за што сметаме дека ние како проблем ќе се реши со пуштање на долниот дел од пазарот кој се уште е во изградба. Доколку овие продавачи околу 60 на број влезат на долниот дел од покриениот пазар,  приходот дополнително ќе се зголеми“ - пишува во писмениот документ за работа на ЈКП Дервен.

Според нивните пресметки  дневно се губи по три илјади денари, месечно 66 илјади додека годишно ако сите овие диви продавачи влезат во пазарот, ќе има дополнителен приход од 1,6 милини денари.
Во текот на ланската  2022 година  завршено е и одбележано местото предвидено за продажба од приколки и комбиња  на паркингот пред Пармакот.

Со тоа  се намали поточно се  искорени во целост нелегалното продавање  и нелојалната конкуренција која преставуваше децениски проблем околу пазарот. Исто така ќе се намали гужвата од непрописно паркираните возила а воедно при нивното сместување следи и соодветна пазарна такса која донесе позитивни финансиски импликации под ЈКП Дервен.

„Сметаме дека со пуштањето во употреба на долниот дел од покриениот  пазар ќе се вклопат и дивите продавачи кои што се стационирани на паркингот  пред  Нептун ,  бидејќи голем дел од нив во моментов се согласни да се сместат со соодветни резервации“ - велат од  РЕ Пазари на ЈКП Дервен.

Проблемот со нелегалните диви продавачи надвор од пазарот е децениски проблем, кој треба да се реши со заедничка акција на комуналана инспекција, пазарната инспекција и СВР Велес. Имаше неколку обиди, но по извесно време продавачите се враќаа. 

Велешани велата дека врнежите се единствениот фактор кој ги брка овие продавачи од јавниот простор пред училиштето Панко Брашнар, но и соседните улички, па минувачите наместо по тротоар мораат да одат по улица. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »