речник контакт

Дивите тезги се селат од јавните површини

Нелегалнтеи тезгаџии имаат рок од две седмици да се преселат на пазарот

Петар Печков

Општина Велес ги предупреди дивите тезги, надвор од пазарот дека таму каде се лоцирани не им е местото. Им даде рок од две седмици да  не излагаат повеќе роба таму, по што по овој период ќе ги отстранува.  Ова се однесува на околу стотина тезги кои се на паркингот пред ОУ Благој Кирков и на тротоарите долж  улицата Петре Прличко близу пазарот.

Ова создаваше проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот, оти беа окупирани тротоарите а паркингот беше освоен од тезгите. Така е во три дена од седмицата, секој пазарен ден. Ваквата нелегална продажба надвор од пазарот предизвикуваше реакции кај легалните пазарџии кои со години бара да се воведе ред и еднакви услови за работа за сите, со почитување на законот.

  Локалните власти потсетија дека ,, Согласно член 14 од Законот за јавна чистота  на јавните површини забрането е продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи освен за места определени за таа намена. Според член 100 од Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување во Општина Велес: „забрането е складирање и продажба на стока надвор од продажните места обележани на пазарот“.

 Од Општината ги потсетуваат дека доколку сакаат да продолжат со продажба на стока, овие лица потребно е тоа да го прават во пазарите организирани за таа намена

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »