речник контакт

Димитриевски потпиша за Адемар Леон

Велешанецот можно е да игра за репрезентацијата на СП догодина во Катар

Петар Печков

Досегашниот ракометар на Пуерто Сагунто, бекот Дарко Димитриевски, потпиша едногодишен договор со тимот на Адемар Леон, кој се труди да врати барем дел од славата што ја уживаше пред повеќе сезони не само во Шпанија туку и низ Европа.

Димитриевски со своите 21 година и добрите физички предиспозиции (195 цм,94 кг) од шпанските медиуми е преставен како супер засилување за Адемар Леон, како и играч одлично игра во двата правца, во нападот и во одбраната. Тој во тимот од Леон, ќе го замени Србинот Предраг Дачевиќ, своевремено ракометар на Вардар.

Доказ за квалитетот на Димитриевски е и повикот од селекторот на нашата репрезентација Ивица Обрван кој веројатно ќе смета на велешанецот и на СП во Катар. Димитриевски пред да се пресели во Шпанија има играно за екипата на Катар Спорт, како и за македонски тимови Куманово и Вардар.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »