речник контакт

Димов спортувам за да се вратам на патеката

Со 13 скршеници на левата нога, со мисла да му ја ампутираат ногата, тој се врати на патеката. Зоран Димов поштарот голем спортист и уште поголем човек

Петар Печков

Секојдневно меѓу стотиците велешани кои во попладневните и вечерни часови  рекреираат на патеката во Градскиот парк е и атлетичарот Зоран Димов.

Откако пред осум месеци  се здоби со тешки повреди, и беше удрен на пешачки од моторџија, Зоран полека се  опоравува и се враќа во спортскиот живот. Објаснува дека  секојдневно оди по патеката по барање на докторите, кои му препорачале заради  неговото здравје е подобро што повеќе да се движи и со штаки ако е потребно. 

Неговото враќање на спортот беше на голема врата и со многу емоции од сите и гледачи и учесници на неодамна звршенито Скопски маратон.

Користејќи патерици успеа да ја изоди полумаратонската патека. Со овој гест сакал да ги мотивира сите што досега не го направиле тоа. Трча од 1979 година. Од првиот тренинг досега има истрчано повеќе од 100.000 километри.Овој ултрамаратонец е неколкукратен учесник и победник на регионални маратони. Досега има учествувано на повеќе од 100 маратони. Во Белград победил првата година на маратонот на 100 км. Димов е првиот човек, кој во Македонија го донесе планинското трчање.

Димов учествуваше на ултрамаратонско трчање на 24 часа, кое се одржа лани во Холандија. Претходната година учествуваше на иста таква трка во Полска. Пред тоа трчаше во Франција.

 Два дена пред несреќата бев во Унгарија на ултрамаратон. Го освоив 8 место .По два дена ми се случи несреќата, која шест месеци ме врза за постела. Одев на тренинг кога на пешачки премин две коли ми застанаа, а меѓу нив се протна мотор, кој се движеше со 110 км на час. Мотоциклот помина меѓу двете коли што ми застанаа на пешачки премин - објаснува тој за несреќата. Левата нога му била скршена на 13 места. Од нив шест скршеници биле надворешни. Десната нога му била скршена на три места. Малкумина веруваа дека ќе се опоравам. Дури мислеа и да ми ја апмпутираат едната нога. Но д-р Гавриловски ми ја спаси. Имало Господ, па полека се оправувам - вели Димов. Шест месеци бил в постела.

Во 2003 година трчав во Сиднеј Австралија  на мој трошок истрчав на маратонот . Имав желба да ја истрчам олимписката патека. Имаше 18.000 натпреварувачи. Јас бев 39. Истрчав За 2 часа и 56 минути – објаснува Зоран.

Вели дека сега му е прерано да трча прво сака да се ослободи од патериците, па потоа да протрча откако ќе ја зајакне мускулатурата. По Скопскиот маратон се чувствувал како да истрчал повеќе од 200 километри.

Задоволството беше поголемо од заморот. По два дена веќе се чувствував сосема нормално. Ќе ми биде драго ако со моето учество на маратонот сум мотивирал некого што никогаш не трчал. Тоа ми беше главен мотив - да докажам дека човек со упорност и голема желба и во ваква состојба може да учествува – заврши  Димов.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »