речник контакт

Димовски не ја прифаќаат обдукцијата за Тамара

Три години чекавме операција за Тамара и не може да бидеме виновни, не сме доктори да ја лекуваме

Петар Печков

 Мајката на малата Тамара, Жаклина Димовска  е разочарана  од обдукцискиот наод, со кој    е констатирано дека   причината за смртта на девојчето  не е сколиоза, туку бронхопневмонија, односно акутно воспаление на респираторните органи. Тамара почина заглавена во бирократскиот здравствен систем, без правовремена интервенција. Родителите не се согласуваат со обдукцијата, бараат да го добијат наодот  и нова анализа.    

Родителите биле виновни за смртта на Тамара, така одлучила обдукцијата.  Но системот беше тој кој сето ова го изрежира. Три години од врата на врата одевме, баравме помош, чекавме одлука. Не добивме ништо.   Баравме лек  од надлежните и системот за Тамара а излезе дека јас не сум ја лекувала. Јас не сум доктор. А тие што ја прегледуваа  бараа да се постапи итно, за да не добие белодробни компликации. Да не излезеше министерот Тодоров со изјава дека ќе ги покриете сите трошкови, досега ќе  беше излекувана со помош на хуманите. Ние сме виновни за смртта на Тамара а три години чекавме да добиеме решение за лекување а го добивме три дена по смртта  - вели Жаклина.

Таa уште на протестот во Велес, пред десетина дена  праша ,,дали некој ќе се јави во судска медицина, што тие треба да напишат во обдукцијата,, .       

Во писменото соопштение  на Државниот санитарен и здравствен инспекторат се констатира дека првичните проверки и извршениот увид во електронскиот здравствен систем покажуваат дека девојчето не било третирано, односно воопшто не посетило лекар, ниту примало одредени лекарства за бронхопневмонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »