речник контакт

Дипломите од Работнички Универзитет меѓународно признати

Во 2018-та година имало 387 лица, додека во 2017-та нешто повеќе, 466 кои добиле сертификат од оваа институција

Петар Печков

Велешани ги користат услугите за дообразование кои ги нуди  Работничкиот универзитет ,,Благој Страчковски,,. Така според  извештај за бројот на кандидати на спроведени - реализирани услуги во 2018-та година имало 387 лица, додека во 2017-та нешто повеќе, 466.  Најмногу интерес имало за ракувач на виљушкар 162 лица.

Останатите занимања се со далеку помал број, болничар со 70, работа со компјутер 44,   угостител -готвач 38, ракувач со електрично вовче 37, ѕидар 35. Ова се бројки за изминатите две години, 2018-та и 2017-та. За истиот период во оваа институција со основно образование се стекнале 28 возрасни лица. Меѓу занимањата за кои лани се доделил сертификат е и  ,,сечач на дрва во урбана средина,,. 

Постои интерес за услугите од дообразованието,  кои ги даваме, бидејќи дипломите се и меѓународно признати. Имаме корисници кои работат и во Јужна Африка и немале проблеми - вели Јордан  Галев директор на Работничкиот Универзитет.   

Работничкиот универзитет Благој Страчковски  од Велес, спроведува основно образование за возрасни во согласност со наставни програми утврдени од Министерството за образование и наука. Стручно образование и обука за возрасни каде преку организирање на обуки од разни занаети и занимања заинтересираните се стекнуваат со знаење и вештина, информатичко образование и изучување на странски јазици. Врши доквалификација и преквалификација за возрасни лица, и проверка на веќе стекнати знаења и вештини – сертификација. Формиран  е со цел за масовно описменување на народните маси, работи од 13.01.1954 година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »