речник контакт

Дисконтниот синџир „Мере“ - „Рускиот Лидл“, влегува во Македонија, ќе отвора маркет и во Велес

Рускиот синџир маркети бара работници на неколку позиции

Петар Печков

Рускиот дисконтен синџир маркети „Мере“, или како што на Запад го нарекуваат „рускиот Лидл“ отвори фирма во Република Македонија и бара вработени за повеќе градови низ цела држава, меѓу нив и за Велес.

Компанијата веќе објави огласи за вработување во кои бара менаџери за развој во Скопје, Куманово, Охрид, Струга, Струмица, Гостивар, Тетово, Велес, Штип, Кочани, Прилеп, Битола и Кавадарци, менаџер за набавки, систем администратор…

Овој руски синџир супермаркети во британските медиуми го опишуваат како „руски Лидл“. Има 3.200 продавници ширум светот.

Во нашиот регион присутен е во Србија од декември лани, и таму планира да отвори стотина  продавници. „Мере“ е трет по големина руски синџир маркети.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »