речник контакт

Дијабетичарите бараат инсулин и крај на едно месечната криза

Владиниот портпарол тврди инсулин има доволно и нема криза

Петар Печков

Велешките болни од дијабетес со писмо до премиерот,  бараат  да се реши инсулинската криза. Тие посочуваат дека  од  почетокот на месецов инсулин немало и дека се згорзени нивните животи. И затоа се обраќаат до премиерот Заев, тој да  ја разреши кризата, но и да се донесе  системско решение. 

За  надминување на кризата, дијабетичарите велат дека ги „цепкаат“ инсулините, земаат помалку од предвиденото,  за да има за сите и да траат што подолго.

До денес, скоро цел месец  нема инсулин! Се изнаслушавме разно разни изговори и изјави, кои ама баш ништо не му значат на шеќерот -Гликемијата во крвта  во нашите тела.  Скоро еден месец некои си поигруваат со судбините на над 50 илјади инсулин зависни граѓани во Македонија од кои 500 се деца! Време е е Вие лично да се ангажирате и дејствувате! Пред се кон оние кои се законски обврзани и надлежни, а и кон оние кои земале обврска преку тенедери  навремено и редовно за достава и достапност  на лекување со Инсулин во регуларните Инсулински аптеки, во количини кои треба да ги имаме - стои во писмото испратено до премиерот и доставено до медиумите од страна на Здружението на лица со дијебетес „Шеќерче-Лилипоп“од  Велес. 

Тие бараат да се стави  моментален крај на инсулинската криза во државата. Бараат и  да донесе системско решение со кое нема да се овозможи  некоја следна криза.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски денеска изјави дека нема инсулинска криза и оти има доволно залихи на инсулин.

Нашите информации говорат дека во моментов има доволно залихи и не постои инсулинска криза, истакна Бошњаковски, најавувајќи дека новиот министер наскоро ќе излезе на прес-конференција и јавноста ќе има повеќе информации за сите актуелни прашања поврзани со секторот здравство. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »