речник контакт

Дијалог со срцето, нова книга на Ѓоргиева

Тоа е трета книга на поетеста Ѓоргиева, овој пат поддржана од Министерството за култура

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес беше промивирана третата стихозбирка љубовна поезија „Дијалог со срцето“ на велешката поетеса Јасмина Ѓоргиева.

Промоторот и рецензент на стихозбирката, д-р Јордан Ѓорчев појасни дека во стихозбирката „Дијалог со срцето“ објективниот читател  ќе се соочи со навидум чуден и интензивен облик на емоции кои, како што рече, како од време на време да ја контролираат судбината на поетесата.

Книгата, според него, е осмислена преку својата концепција да направи модернистичко поврзување на формата и содржината со современите животни теми, воедно вечни и генерациско повторливи.

 Сликајќи го својот свет, таа го почнува со буквата „А“, како симбол на зачетокот и раѓањето. Со „А“ почнува светот, почнува азбуката, па така пишувајќи една од своите песни, поетесата можеби потсвесно сака да создаде свој сопствен свет, да го изгради од почеток, со свите сопствени раце, истакна Ѓорчев.

Поетесата Јамина Ѓоргиева рече дека љубовта за неа секогаш била и е инспирација иако, како што рече, многумина коментираат дали се уште постои вистинската љубов. За Ѓоргиева љубовта постои и затоа насловот на книгата е „Дијалог со срцето“.

Според неа, не мора да биде само љубов кон некој од спротивниот пол, туку и љубов кон пријателите, работата, а најголема е љубовта кон поезијата.

Секогаш прашајте си го срцето па потоа сите околу себе затоа што срцето ќе ви каже што треба да правите во животот, рече Ѓоргиева.

Јасмина Ѓоргиева првата стихозбирка ја напиша во 1992, а втората во 1995 година. По 18 години пауза оваа е  нејзина трета стихозбирка и најави дека ова  е прв дел, а вториот веќе е готов и треба да биде објавен следната година. Дел од песните во ,,Дијалог со срцето,, ги читаше Аександар Кукулев

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »