речник контакт

До ИПА фонд, преку административни пречки

Со какви проблеми и нелогичности се сретнуваат стопанствениците, при конкурирањетоз а ИПАРД фондовите

Петар Печков

При  презентацијата на Европските фондови за 2011 година од страна на Стопанската Комора на Македонија со претставници од малите и средни компании во Велес се слушнаа неколку забелешки. Недоречености и колизија постои во постапката при конкурирањето за ИПАРД фондовите, се пожалија дел од велешките стопанственици.

Доколку сакаме да конкурираме за средства за свињарска фарма и да добиеме 50 илјади евра неповратни средства, мораме да вложиме дополнителни пари. Станува збор  најмалку 200  илјади евра, колку што се потребни за да се реши проблемот со отпадните води од фармата. Ова не е само наш проблем, има повеќе такви, кои за да добијат европски пари треба да ги решат еколошките проблеми, за што се потребни средства повисоки отколку што ќе се добие – изјавија од АД Жито Вардар, најголемиот одгледувач на свињи во земјава.

Стопанствениците се судруваат и со други проблеми, поврзани со добивањето на  средства од ИПАРД фондовите. Така за да се конкурира, требало да се има и доказ за сопственост на земјиштето, кое било невозможно да се добие, бидејќи државата уште не започнала да ги продава плацовите под кои се изградени индустриските објекти, или свињарските фарми. Причина, немало Детален Урбанистички план, кој не бил донесен.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »