речник контакт

До крајот на годината стотина приватни здравствени установи во Македонија ќе се затворат, оти нивните носителите докторите ќе заминат во пензија

Ова е сериозен проблем и за пациенти каде ќе одат, кај кој доктор ќе продолжат да се лекуваат.

Петар Печков

Одделни градови  во земјава, се судруваат го голем и сериозен проблем во однос на докторите од приватните амбуланти кои до крајот на годинава треба да заминат во пензија. Доколку тие заминат како носители на дејност на ПЗУ, вториот тим од лекар и медицинските сестри ќе мора да одат како невработени, под Биро. 

За последиците предупредуваат од Здружението на приватните лекари на Македонија (ЗПЛМ) и велат дека ова е проблем кој никој не го согледува. Според Законот за работни односи, секое лице по наполнети 64 години за маж  и 62 за жена, оди во пензија.   

„На терен утврдивме дека само во Скопје 45 матични доктори до крајот на годината се за пензионирање. Дебар може да остане и без ниту еден лекар,  таму има педијатрии кои лекуваат шест илјади деца. До крајот на годината во Македонија,  се работи за бројка од стотина доктори кои треба да заминат во пензија.   Ова е сериозен проблем за пациенти каде ќе одат, кај кој доктор  ќе продолжат да се лекуваат. Со постојниот закон пациенти се на ПЗУ. Ако сопственикот се пензионира, почине, замине во странство да работи, ординацијата се згаснува,  колегите остануваат на улица, заедно со медицинските сестри“ - вели д-р Лили Чолакова Дервишова претседател на ЗПЛМ.

Апелираат до Владата, Министерството и фондот за здравство, итно да преземат нешто а да не зависи само од потписот на министерот кој ќе продолжи да работи кој ќе се пензионира. Институционално решение е потребно за  да може докторите и медицинските сестри кои се вработени во тие ПЗУ, да продолжат да работат. За членовите на ЗПЛМ  ова одредба од Законот е целосно дискриминаторска.

„Сите сме сведоци дека во приватните болници има доктори кои работат и со 80 години возраст а ние во амбулантите мора на 62 за жени или 64 за мажи да одиме во пензија и колегите што работат какво втор тим и медицинските сестри да останат на улица. Ова е огромна дискриминација на докторите од примарното приватно здравство“ - додава д-р Чолакова Дервишова. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »