речник контакт

До локалната власт лани 47 прашања од јавен интерес

ЈКП Дервен добило девет а некои не се интересни па никој не ги прашува - библиотеката, детската градинка, дел од средните и основите училишта

Петар Печков

Во текот на 2018-та година до Општина Велес стигнале 47 барања за информации од јавен карактер.   На 44 од нив било позитивно одговорено а три се препратени до  имателот на информацијата, се однесува за работа на ЈКП Дервен. ЈВП лисиче и ЈП Парк спорт.  Прашањата најчесто се за финансиското работење, за службените патувања, за  јавните набавки. Ниту едно барање не е одбиено. До ЈКП Дервен имало доставено девет барања и на осум е позитивно одговорено а едно е одбиено. 

До ЈП Парк спорт има доставено едно барање за пристап до информации од јавен карактер и на тоа е одговорено. Едно барање, на кое позитивно е одговорено има добиено ,,Народниот музеј,, и интернатот ОУД ,,Лазар Лазаревски,,. 

Прашање до Градската библиотека ,,Гоце Делчев,,немало како и до Детската градинка ,,Димче Мирчев,,. 

Од училиштата најмногу прашања за информации од јавен карактер имало средното ,,Коле Неделковски,, три и сите биле позитивно одговорени. Гимназијата ,,Кочо Рацин,, имала едно прашање на кое позитивно одговорила.  Додека другите две средни училишта Економска и Хемиска  не добиле прашања. 

Од основните училишта  две барања за пристап до информации од јавен карактер имало во ОУ Васил Главинов, по едно во ОУ Блаже Конески, ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот, ОУ Рајко Жинзифов и во музичкото ОУ Стефан Гајдов. Во сите нив на барањето бил даден одговор. ОУ Стојан Бурчевски Буридан, во ОУ Св. Кирил и Методиј нема и во ОУ Благој Кирков нема добиено прашања. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »