речник контакт

Добитниците на општинското признание „9-ти Ноември“

Меѓу добитниците на општинското признание 9-ти Ноември е и актерот Зоран Љутков.

Петар Печков

Меѓу добитниците на општинското признание 9-ти Ноември е и актерот Зоран Љутков.

На доделувањето на наградата дојдоа и неговиот колега Васил Зафирчев со сопругата поп пеачката Калиопи.

Доделувањето се случи во велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот.



\"\"

Ракометарот Пепи Манасков е добитник на највисокото општинско признание наградата за животно дело „Гемиџии“ наменето за посебен придонес во развојот и афирмацијата на Велес во државата и надвор од неа.

- Оваа награда ќе зазема посебно место во бројната домашна колекција бидејќи ми е најдрага и доаѓа од мојот роден град - изјави Манасков при добивањето на плакетата.

Тој рече дека е задоволен од како се одвивала неговата кариера но дека секогаш се можело и повеќе. Се гордее што со Македонија стигна на едно Европско и едно Светско првенство. Вели дека активното играње ракомет го оставил пред шест месеци а прерано се впуштил во тренерскиот предизвик. 

Манасков изрази жалење што неговата голема желба, кариерата како играч не ја завршил во Велес, но за тоа немало услови. Најавува дека сепак ќе се врати во ракометот и стои на располагање и на градот и на државата.

Тој во 2001-та го доби и признанието Спортист на векот во Велес.



\"\"

Благоја Спирковски Џумерко е првиот добитник на наградата Петре Прличко, која се доделува за животно дело.

Истата му беше врачена во велешкиот театар. Џумерко се заблагодари што тој е првиот носител на наградата вредна илјада евра и плакета. Тој потсети дека со Прличко бил добар пријтел глумеле во 3 филма, повеќе претстави а заедно оделе и на риболов.

Џумерко потенцира дека со велешкиот театар има многу добри односи а посебно со актерот Кирил Гравчев со кого е неразделен другар.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »