речник контакт

Добра цена, мал род на младиот кромид од Башино село

В четврток завршува откупот за Хрватскиот пазар. Годинава траеше само е дна седмица, потоа накупците ќе ја диктираат цената

Петар Печков

Редица од возила, чии сопственици  трпеливо чекаа да го предадат годинашниот род на млад кромид.    Ова е слика на влезот во Башино село.  Време е на прибирање на младиот кромид и негов откуп. Тоа што го работеа поголем дел од годината, време е за мештаните  да се продаде.  Вообичаено последните години, така е и годинава , тој завршува на Хрватскиот пазар,  преку македонски откупувачи.  Градинарите задоволони од откупната цена, од откупот.

Годинаваа споредбено со минататите години родот е помал, топлата зима и дождовите  имаја влијание врз родот на младиот  кромид.  Дел од родот завршува и  на Кванташки во Скопје. Цената е добра, 50 денари за килограм за тој што заминува за Загреб - вели Трајче жител на Башино село. 

Откупот започна пред седум дена, минатата среда. Исплатата е за неколку дена. За  овие седум  дена се наполнети шест шлепери а до утре  четврток останува уште еден. Или вкупно ќе биде откупен род за   7 камиони, кои завршуваат    на пазарот во Хрватска.

Производителите  на одгледување на зеленчукот работеа девет месеци и време е да го наплатат нивниот труд. Башино село има околу 200 куќи со илјада жители и  секој дом, без исклучок одгледува млад кромид. Разбирливо е штом влезете во селото, мириса на овој зеленчук. Цели фамилии работата на него, го корнат, чистат, перат, пакуваат.   На пазар во Велес цената по еден врзоп е 10 денари. Иако минатата година цената беше 80 денари за кг, а 250 до 300 за врзоп, што е повеќе од актуелната,  башиноселци се задоволни од годинашната. 

Имавме топла зима, се јави болест, беше потребен чест третман за да се заштити младиот кромид. Затоа годинава имаме помал род. Згора на тоа годинава Католички Велигден е мошне рано, крајот на месец  март, така  што откупот трае само една седмица. Тоа е премалку  - вели Душко Бабуновски.  

Тој планира да продаде околу 1,5 илјади  снопови или 4 тони   млад кромид .  Овој зеленчук годинава започнал да се откупува уште во ноември, но од страна на македонски откупувачи кои го земаат во снопови а цената се движи од 200 до 250 денари за сноп. Ова било далеку поевтино отколку што  се откупува  на килограм, за хрватскиот пазар.  Затоа сите итаат родот кој е готов, да го предадат на откупувачите кои го носат за Хрватска.  

Откупот е  од страна на струмички фирми, кои го пласираат за познатиот ланец  маркети ,,Конзум,, Еден камион до Загреб според возачите стигнува за 16 до 18 часа во зависност од состојбата на границата. Последниот камион кој ќе замине за Хрватска е во четврток, дотогаш  е надежта дека мештаните ќе продадат поголем дел од годинашниот род.

Потоа кога ќе продолжат да го откупуваат македонските, цената очекувано паѓа а младиот кромид  го има до православниот Велигден кој годинава се совпаѓа со Први мај. Тогаш традицонално  е најголемата ударна  потрошувачка  но и последната можност нешто да се спечали.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »