речник контакт

Доброволно служење на воениот рок

Во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман свечена заклетва даде првата генерација на македонски војници кои доброволно го служат воениот рок во АРМ.

Петар Печков

Во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман свечена заклетва даде првата генерација на македонски војници кои доброволно го служат воениот рок во АРМ.

Околу двеста младинци од Македонија, меѓу кои и 20-тина жени го искористија правото што им ги дава новиот Закон и тие три месеци ќе служат војска во Велес.

Некои од новите војници со морална обврска да служат војска, додека други да ја искористат можноста што им се дава потоа да станат професионални војници.
 \"\"

Услов за да служат доброволно војска е да имаат завршено средно четиригодишно образование и да се на возраст до 27 години.

Велешкиот гарнизон сега е Центар за обука и единствено тука ќе се обучаваат наредните генерации војници.

На оваа свеченост локалната власт не ги удостои и немаше свој претставник како гостин.


\"\"
Заменикот на началникот на генералштабот генерал мајор Адил Газфер им честита на војниците

Интересен е примерот со 24 годишниот тетовчанец Зоран Богдановски кој бил на работа шест години во Чешка и се вратил дома за да служи во АРМ.

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »