речник контакт

Доверителите го прифатија Планот за реорганизација на Фени, останува уште судијката да го потврди

Вработените од Фени во стечај кои пред шест месеци беа против влегувањето на ГСОЛ и протестираа сега со радост и овации ги дочекаа инвеститорите

Петар Печков

Собранието на доверители со високо мнозинство на гласови од доверители го прифати Планот за реорганизација, со кој Фабриката Фени во стечај  треба  ја добие Глобал спешл опуртунитис од Бахамите или ГСОЛ. Тој со 56,2% и Еуроникел со 35,8%   и повеќе помали доверители го прифатија планот.   

Дали и ќе го добијат ќе одлучи стечајната судијка Валентина Ѓоргиевска, која во рок од три дена ќе донесе решение дали ќе го прифане или го отфрли. 

Ова е голем ден за Фени, бидејќи привршува еден процес кој траеше повеќе месеци. Од првиот ден на нашето влегување во Македонија, имавме една цел  Фени да стане  најуспешен производител на феро никел во Европа. Денес е ден за славење и голема победа пред се за вработените, кои  од првиот ден не поддржаа и обезбедија светла иднина - изјави Маркос Камхис директор на ГСОЛ. 

На новинарското прашање какви се финансиските проекции за следните пет години, поради кои Планот за реорганизација беше вратен од стечајниот управник Атанасиевски, Камхис не даде прецизен одговор.    Затоа пак нивниот правен застапник адвокатот Кристијан Поленак   со податок дека ГСОЛ со инвестицијата во Фени е најголемата директна во земјава.    

Во Фени се инвестирани сериозни средства, можеби најголема кеш инвестиција во Македонија последните години, вложија околу 80 милиони евра.   Тоа се инвестиции директно влезени од странство - кажа Поленак.  

Одлуката на Собранието на доверители со радост ја прифатија стотината вработени од Фени кои на пеколното сонце, чекаа пред Основен суд Велес.  Ако пред шест месеци работниците беа против влегувањето на ГСОЛ,имаше протести и блокади,  сега по половина година вработените во ГСОЛ видоа спас.

Не бевме против ГСОЛ,  туку бевме против отворање на стечај. Среќни сме што доверителите го изгласаа Планот, очекуваме дека и судијката ќе го прифати   оти тоа е иднината за сите нас вработени и излегувањето од стечај. Тоа што другата страна говори за отворање на рудникот Р`жаново, тоа е завршена работа. Тој е затворен со мало количество на квалитетна богата руда, напуштен е и во него нема иднина  - рече Душко Николовски претседател на синдикатот во АД Фени во стечај.    

Против Планот за реорганизација на Фени во стечај беше ,,Нова логистик,, со 5,66% побарувања  која е во стечај и беше  фирма за транспорт на рудата во Фени. Најгласен против Планот за реорганизација  беше и застапникот на фирмата Акрон од Белизе, кој има признаени  побарувања во  четврта  децимала  0,0001%.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »