речник контакт

Договорена единствена цена на пастрмајлијата

Две дополнителни содржини на Питијадата

Петар Печков

Организаторот Општина Велес и учесниците на годинашната Питијата се договорија за цената која ќе биде единствена за питите кои се нудат  на штандовите.  Договорена била и цената на чаша вино.

„Цената на една пита со стандардна големина ќе биде 200 денари а чаша вино 50 денари. Ова е договорот кој го постигнавме со учесниците на Питијадата“ кажа Зоран Љутков претседавач на Советот на Општина Велес.

Цената била повисока од таа која се нудела во Штип, за 10 денари оти во Велес се додава на пастрмајлијата и јајце. Пријавени биле 13 учесници, кој ќе бидат лоцирани на ул. Благој Ѓорев, пред  Гимназијата.

„Целта на манифестацијата е да бидеме препознатливи по квалитетот на питата а не по музиката. Затоа инсистиравме кај угостителите да подготуваат свежи пити, за да може гостите да бидат задоволни“ - рече Љутков.

Одамна се познати учесниците а во петок ја отвораат децата од Детската градинка во Велес.  Во сабота како дополнителна содржина претпладнето ќе има изложба на стари автомобили во возна состојба -олдајемри а недела во 16ч.  ќе биде преставена џиновска пита пастрмалија.

Петок, 7 октомври:
Миле Кузмановски
The hounds
ДНК
НОКАУТ

Сабота, 8 октомври:
Дајте Музика
Наум Петрески и Зуица Лазова
Фолтин
Каролина Гочева

Недела, 9 октомври:
5+бенд
Сузана Спасовска + Академци
ЉУБОЈНА + Brass Fantasy
Лозано

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »