речник контакт

Договорот за закуп на базенот е раскинат, закупецот не платил кирија две години

Започната е постапка за нов јавен повик кој да го работи базенот

Петар Печков

Договорот за закуп на градскиот базен е раскинат. Ова беше одговорот на градоначалникот Марко Колев, на поставеното прашање од советникот Димитар Абрашев.

Тој на претходната седница реагираше дека за две години користење закупецот не платил ниту еден месец кирија. На ова Колев одговори дека треба да ја провери оваа информација.

„Договорот е раскинат, почнуваме постапка за избор на нов закупец, за издавање на базенот. Врз основа на претходната седница и разговорот што го водевме, тој уплатил одредена сума, не можам да кажам која, но уплатил. И покрај тоа договорот го раскинав“ – кажа градоначалникот Колев.

ТрМр лани во мај објави дека на јавниот повик за да го работи објектот се јавил еден заинтересиран и тој го добил објектот. Тоа беше Стојанче Илиевски од Долно Караслари, кој тогаш работел во Италија. Договорот за закуп беше на 10 години. Во трите летни месеци  базенот се изнајмуваше по  60.300 денари  месечно, за останатите по три илјади денари фиксно.

Може да се забележи дека досегашниот корисник го има напуштено објектот. За потсетување претходниот закупец, и во зима ги пушташе пумпите да работат за да може водата да се одржува во квалитетна состојба, што не беше случај со досегашниот корисник.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »