речник контакт

Доделени дипломите за 65 завршени студенти од Техничко-технолошки факултет

Меѓу нив и првенецот Емилија Дуковска со просек 9,95

Петар Печков

65 завршени студенти од Техничко -технолошкиот факултет со седиште во Велес, ги добија дипломиите за завршеното високо образование. Од изминатите седум години, откако постои Факултетот, кој е дел од    Битолскиот  Универзитет  Св. Климент Охрудски, ова е трета генерација дипломирани студенти, воедно и најбројна.  Тие дипломирааа на насоките  прехрамбена технологија и биотехнологија и прва генерација нутриционизам.   Нив  им ги врачи деканот на оваа образовна институција Валентина Павлова. 

Целиот кадар кој работи на  Факултетот, сме задоволни од оваа бројка, оти го заживеавме  градот Велес, единствен амтеичен сме со седитеш во Велес.  Процнетот на звршени студенти е доста добар, над 60 отсто завршуваат во рок од 4 години. Имаме и втор циклус на студии, постдипломски а во фаза сме на акредитација на третиот циклус на докторски студии - изјави деканот  Павлова.    Додаде дека дел од завршените студенти се вработеле во Витаминка, Виталија, Аџибаден Систина, инспектори за храна, во млечната и месната иднустрија.  

Сите 65 дипломирани студенти  го завршиле Факултетот во  периодот од  април 2014 до  април 2015. Тие дипломирале освен во Велес и на дисперзираните наставни програми во Битола и Кичево.   Меѓу нив беше и  Емилија Дуковска, која е најдобра во генерацијата со просек 9,95  за што неодамна доби и ,,Инжинериски прстен,, од Претседателот на државата Иванов. 

 Кога се сака нешто да се постигне, може да се постигне. Кој има одредена цел, ќе најде време и начин да ја оствари  -изјави младата  Дуковска  која посетуваше дисперзирана настава во Битола на отсекот нутриционизам. Таа  е од село Жван, Демир Хисарско и го заврши факултетот минатиот септември точно по четири години студирање а студиите ги продолжила на втор циклус студии. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »