речник контакт

Доделени првите подароци за првото новороденче годинава во Велес

За првото бебе штедна книшка од локалната власт и подароци од Евангелската црква, Ротари Клуб и Невладина организација "Подари насмевка"

Петар Печков

Денес првото новороденче во Велес годинава, ги доби традиционалните подароци од локалната власт, чек во висина од 12 илјади денари, колку што се доделува  и претходните години. 

Подароци донирале и Евангелската црква, Ротари Клуб и Невладина организација "Подари насмевка". Поради здравствено -безбедносни причини по бебето и мајката, не е остварен контакт со нив.

Затоа пак со фотографија  од велешката Болница, јавноста во градот може да се запознае со мајката Симона    и бебето -девојче кое се уште нема име.

Симона Панова  се породи во домашни услови на 3-ти јануари во 21,.30 ч додека татко на новороденчето е  Љупчо Митров.  Ова е нивна прва рожба.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »