речник контакт

Доктор Трајков со трет мандат претседател на велешки Црвен крст

Милчо Трајков ќе го одработува третиот мандат

Петар Печков

Делегатите на Општинскиот Црвен крст го избраа за ново- старо претседател д-р Милчо Трајков. Тој беше избран едногласно,  со тајно  гласање  и ќе го работи неговиот трет мандат.  

Ќе се обидеме со тимот со кој работам, да привлечеме волонтери на возраст од 18  до 50 години, оти имаме недостаток на членство од оваа популација.  Продолжуваме со  здравствено превентивна, социјално –хуманитарна дејност, прва помош, работа со  млади. Тоа се повеќе сегменти и не` очекува напорен период, не бурен. Во нашата мисија е и помош при катастрофи  и се  надевам дека  нема да бидеме доведени во ситуација да помагаме при земјотрес, поплави. Сигурен сум дека ќе одговориме на сите предизвици – изјави Трајков при претставувањето на неговата кандидатура. 

За потпретседател беше избрана  Милица Ристовска Темелковска, психолог од Економското училиште ,,Јовче Тесличков,, како и раководните органи.  Претставници на  Општинската организација во Собранието беза избрани Марија Настова и Зоран Ѓоргиев.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »