речник контакт

Докторите специјалисти работат преку Мој термин, но сега е на половина час помеѓу пациентите

Во Мој термин вклучена е и дијагностиката, рендген, ехо, компјутерска томографија

Петар Печков

Од почетокот на месец септември, започна да функционира „мој термин“ кој не беше активен од почетокот на корона кризата. И во велешката Општа Болница без малку сите специјалистички одделенија работат со пациенти во „мој термин„.    

Се примаат пациенти, кои се упатени од матичен доктор, во „мој термин„. За разлика од претходно, пациенти се во термин од половина час, на секои 30 минути. Вклучена е и дијагностиката, рендген, ехо, компјутерска томографија. Единствено Инфективно одделение кое е пренаменето во ковид центар, не прима други пациенти освен лица позитивни или сомнителни со корона вирус, или итни случаи., каснувања од кучиња, мачки и змии - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.  
Во здравствената установа е дозволен влез на лица со специјалистички и супспецијалистички упат 15 минути пред закажаниот термин за преглед, при што е дозволен влез само на уште еден придружник. Задолжително е носењето заштитна маска на пациентот и придружникот при влез во здравствената установа на закажан преглед или прием на болничко лекување.

Сите јавни здравствени установи се задолжени да постават дезинфициенси за раце при влезот во установата и тие да бидат поставени на видно место со јасни насоки за пациентите, а одговорно лице од установата е задолжено да спроведува термален скрининг, епидемиолошка проценка и контрола на носењето лична заштитна маска на пациентите, како и одржување физичка дистанца во чекалните на амбулантите за преглед, се препораките од Министерството за здравство.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »