речник контакт

Документарци на отворено во селата од Овче Поле но и во велешко

Новитет ќе се случи пред филмската проекција во селото Теово на 15 септември, кога ќе биде промовиран музички албум на бард на македонската и екс-Ју музичката сцена

Петар Печков

Филмската програма на 14 Патувачко кино на Македокс ќе се прикаже во два термини, од 8 до 11 септември во регионот околу Свети Николе, како и од 14 до 17 септември во регионот на Велес, објави Здружението за промоција на документаристика Македокс.

Филмските проекции под отворено небо на годинашното Патувачко кино ќе се одржат во Свети Николе и околните села.  Во Свети Николе е  на 8 септември. Во Овчеполието ќе се прикажат документарци во селата Горобинци  - 9 септември, Ерџелија  -10 септември и Мустафино  11 септември. Годинава има два новитети на Патувачкото кино, објавија организаторите.

„Едниот настан се одржа на 26 август покрај реката Бабуна во близина на селото Црквино во рамките на манифестацијата Средби на родот, каде беа прикажани два креативни документарни филмови и со што почна Патувачкото кино, додека вториот новитет ќе се случи пред филмската проекција во селото Теово на 15 септември, кога ќе биде промовиран музички албум на бард на македонската и екс-Ју музичката сцена“, информираат организаторите.

Во  регионот на Велес  на 14 септември ќе има проекција во  населба Чашка, на 15 септември во село Теово проследена со музичка промоција, на 16 септември во  Богомила и на 17 септември во  Горно Оризари. Проекциите на сите локации почнуваат во 19.30 часот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »