речник контакт

Долна Бабуна- узурпирана со бројни дивоградби, заборавена од општина Велес

Реакција на екологистите од ЕД Вила Зора, по повод уништувањето на туристичката локација Долна Бабуна

Петар Печков

ЕД “Вила Зора” реагира поради несовесното и намерно узурпирање и уништување на локалитетот Долна Бабуна и Пешти со огромен број на дивоградби на локации покрај самата река, кои без никаква контрола се градат од страна на несовесни граѓани.

После проектот на Вила Зора со кој беше поставена урбана опрема на самата локација, локалитетот е запуштен, несреден и од место на кое своевремено уживаа велешани, посебно во вакви тропски горештини, станало запуштено и узурпирано подрачје. Нагласуваме дека Долниот тек на реката Бабуна е прогласен за Подрачје со карактеристичен пејзаж од страна на Општина Велес. Затоа ЈАВНО  ја повикуваме Општина Велес да ПРЕЗЕМЕ ИТНИ МЕРКИ за да се  заштитат ендемските видови флора и фауна кои живеат на ова подрачје –стои во писменото соопштение на ЕД Вила Зора.

Локалните власти изминатите 15-тина години  како беше актуелизиран овој проблем, не се зафанаа за негово решавање.  Напротив  само се зголемува бројот  на   нови дивоградби.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »