речник контакт

Долниот тек на Бабуна, без отпад

Македонија без отпад, во велешко во саботата собра градежен шут и комунален отпад

Петар Печков

Традиционалната национална акција “Македонија без отпад” во организација на асоцијацијата “Ајде Македонија”   се одржа во саботата на 1-ви октомври. Локалната власт се приклучи на оваа акција  со чистење на  рекреативниот центар Бабуна. 

По завршувањето на летната сезона долниот тек на реката  Бабуна не пречека загадена со отпад од пластична амбалажа, остатоци од храна, пакувања и градежен шут.Со потребната механизација и луѓе отпадот беше отстранет од рекреативниот центар и одложен на соодветните депонии во општината – изјавија од Општина Велес.

Во акцијата се собрани 20м3 градежен шут и 10 м3 комунален отпад.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »