речник контакт

Дома си е дома

Горица Лозе Петровска, родена велешанка по четири децении живот во Германија, се врати да живее во родниот крај

Петар Печков

Дел од младите со карта во еден правец го напуштаат градот, државата и се празни. Еве еден редок пример, на враќање на домашното огниште. Тоа  го стори    Горица Лозе, родена велешанка, мажена за Германец со моминско презиме   Петровска . Четириесет и кусур години живеела во гратче кое  е стотина километри оддалечено до Дортмунд. Пред една година таа се враќа дома, во родниот Велес. 

Доволно беше живот во Германија и од лани со сопругот дојдовме да живееме во Велес. Таков беше договор, кога се земавме. Јас живеам до пензија во Германија, потоа двајцата доаѓаме  назад во Велес. Така се договоривме, така и бидна. Сопругот  го запознав таму и останавме, завршивме со работа и во пензија па назад – објаснува Горица. Неа ја запознав на пливачкиот маратон, потоа за неколку дена ја видов на Сладоледијадата. Каде има настани, таа е присутна во Велес.  Сака да комуницира со луѓето, да се дружи, забавува. Постојано е ведра и насмеана.    Како го доживеа Велес по четири децении, откако замина, за  да се врати.

И мене и на сопругот ни се допаѓа. Убаво е. Се дружиме  со комшиите, на кафе на муабет. Задоволни сме и двајцата од тоа што го имаме. Дома си е дома, тука е најубаво  – додаде Горица. На прашањето зошто се врати само кратко и  со насмевка одговори ,,Од кал да си од Велес да си,,.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »