речник контакт

Домот на АРМ и неговата натамошна судбина

Што натаму ќе се случува со Домот на АРМ, откако беше судски раскинат договорот за негово користење? Каква ќе биде неговата намена, засега одговор нема, надлежните ветуваат скоро решение.

Петар Печков

Најактуелно прашање кај велешани изминатиот период е каква судбина го очекува Домот на АРМ, кој со судска пресуда се врати во надлежност на Министерството за одбрана. Снупи  ќе си замине, а кој  ќе дојде?

Ова е дилемата која е присутна во јавноста деновиве деновиве, откако објектот, преминува во рацете на државата а досега го користеше приватен сопственик, како кираџија. Што натаму ќе се случува со објектот, каква ќе биде неговата намена, засега одговор нема, надлежните ветуваат скоро решение.

Ова  се случува, откако пред две седмици велешкиот суд го раскина договорот со кој Домот на АРМ, пред  повеќе години беше отстапен на користење на  фирмата ,,Никола комерц,,, која потоа го дала под наем на сегашниот корисник ,,Снупи,,

Патем објектот од пред две години е запишан како имот на државата, откако заврши судскиот процес со кој неговата продажба на семејството Мечкарови беше поништена. Министерот за одбрана , во чија сопственост е Домот најавува дека за натамошната судбина на објектот прво ќе разговара со локалните власти.

Прво што ќе сториме е да го понудиме на општина Велес. Да ги слушнеме нивните ставови и размислувања, за што тие  би сакале и можеле да го употребат. Сета постапка ќе биде транспарентна и јавна. Ако имаат интерес, желба и потреба, ќе го дадеме – изјави Зоран Коњановски, министер за одбрана, посочувајќи дека прво треба Апелација да го потврди раскинувањето на договорот.

Домот на АРМ е во центарот на Велес, на атрактивна локација, сопственост е на државата, но уште има важечки договор за користење од страна фирмата ,,Никола комерц,, . Од локалната власт велат дека засега не можат да кажат за што би се наменил просторот, бидејќи имало недоречености.

Ја имаме информацијата дека Домот на АРМ, Министерството за одбрана ќе го предаде на градот. Но не знаеме дали тој ќе биде отстапен на трајно користење или пак ќе ни биде даден на одреден временски период. Кога ќе го дознаеме тоа, ќе можеме да  кажеме и за нашите планови – изјави градоначалникот Горан Петров.

Домот на АРМ има површина од 2,6 декари а досегашниот корисник, ресторан ,,Снупи,, треба да го остави во состојба во која го затекнал на 25 септември, доколку порано Апелација не ја потврди пресудата на велешкиот суд. Иако надлежните најавуваат дека претстои јавна процедура за неговата натамошна судбина, за објектот се поврзуваат,  како негови идни  сопственици  и се вртат  имиња, познати бизнисмени од градот, кои  би требало да бидат новите корисници. 

Пошироко познатиот, омилениот велешки ресторан треба да престане да работи за половина година кога  му завршува договорот. Што потоа на негово место ќе добијат велешани, Дом за стари лица и пензионери, Факултет или угостителски објект со нов газда?

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »