речник контакт

Донација од 50 книги од руски автори за Велешката градска библиотека

Донацијата беше од страна на Амбасадата на Руската федерација во Скопје

Петар Печков

Градската библиотека „Гоце Делчев“ доби донација од 50 наслови од руски автори преведени на македонски јазик, како и оригинални дела на руски јазик. Донацијата беше од  страна на Амбасадата на Руската федерација во Скопје.

„Благодарение на оваа донација фондот на библиотеката се збогати за  неколку наслови од познатите руски автори“ - кажа директорката на библиотеката, Снежана Бошевска.

На средбата се разговарало и за воспоставување на културна соработка меѓу секторот за култура при Руската амбасада и библиотеката.

Пред еден месец и Полската амбасада во Скопје и подари 50-тина налсови на книги, од полски автори преведени на македонски јазик. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »