речник контакт

Донација од Јапонија

Јапонците бараат донацијата која заврши кај новите приватни лекари да се врати во јавното здравство

Петар Печков

Јапонската Влада преку Министерството за здравство побарало дел од донацијата која завршила во новоформираните приватни здравствени установи во Велес да се врати во јавното здравство.

Станува збор за донација вредна 500 илјади евра, која на Медицинскиот центар е доделена во 2002-та, а еден нејзин дел сега по приватизацијата на примарното здравство заврши кај приватните доктори, педијатри, гинеколози и стоматолози.

Така тие деновиве добиле писмо дека треба да вратат стерилизатори, ехо-апарат, колпоскоп кој бил единствен на подрачјето на општината и други вредни апарати.

По нивното враќање раководството на Болница и Поликлиники објаснуваат дека истите ќе бидат распределени помеѓу овие две јавни здравствени установи според нивните потреби.

Јапонците биле толку ревносни при проверката каде и што дале, и при секоја посета секој апарат го барале на местото каде бил лоциран. Сега откако дознале за приватизацијата, побарале да бидат вратени на јавното здравство никако на приватните лекари.

Тие пак реагираат дека кога го примале ординациите ги добиле и апаратите - донација и за нив потпишале документ за сопственост така што ќе бараат правна заштита во овој случај.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »