речник контакт

Донација од ОНЕ за Брзата помош

Донацијата е добредојдена за да интервенираме во бројните случаи, кога на пациентите им е потребна помош

Петар Печков

Брзата помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес доби  донација  од мобилниот оператор ОНЕ, која се состои од неопходни апарати и придружен материјал за згрижување на повредените, но и нега на пациентите при домашните посети.

Донацијата ни е добредојдена за да можеме правовремено да интервенираме во бројните случаи, кога на пациентите им е потребна нашата помош – рече д-р Тања Самаракова директор на ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Со оваа донација мобилниот оператор ОНЕ го заврши хуманитарниот караван со кој минатите две години донирал медицинска опрема за возилата на Брзата помош во вкупно 17 здравствени домови во Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »