речник контакт

Донесена одлуката за паркинг зоните во Велес

Одредени се три паркинг зони, со 14 подзони. Каде се ќе може легално да се паркира, за паричен надомест. Останува време за спроведување на одлуката, надлежните велат најдоцна до крајот на годинава

Петар Печков


На последната седница на Советот на Општина Велес беа донесени одлуки со кои се официјализираа паркинг зоните, каде сопствениците на автомобили  ќе можат легално да ги паркираат нивните возила. Одлуките се донесени по препорака на УО на ЈП Парк спорт и паркинзи 

Во интерес на јавноста, ТрМр интегрално ги пренесува одредбите кои Советот ги донесе.

Јавните паркиралишта од отворен тип на територијата на Општина Велес се класифицираат во три паркинг зони утврдени според интензитетот и фреквенцијата на сообраќајот на територија на Општина Велес.

Првата паркинг зона е со ознака ЗОНА А црвена зона има три подзони А1, А2, А3, втората паркинг зона  е со ознака ЗОНА Б  жолта и има девет подзони, Б1, Б2, Б3,. Б4, Б5, Б5, Б6, Б7, Б8, Б9 , Третата паркинг зона е со ознака Ц има две подзони Ц1 и Ц2.

Во ЗОНА А се опфатени следните паркинг простори:

Подзона А1 пред Основен суд Велес;

Подзона А2под градскиот саат; 

Подзона АЗ, паркинг просторот кај зградите кај ,,Чешелот''

Во ЗОНА Б - се опфатени следните паркинг простори:
Подзона Б1 паркинг просторот на улица ,,Алексо Демниевски Бауман"-спроти Пионерски,
Подзона Б2, паркинг просторот на улица „Наум Наумовски - Борче" спроти ЕВН
Подзона БЗ, паркинг просторот на улица "Оливер Китановски" , кај Жито маркет
Подзона Б4, улично паркирање на дел од улица „Лазо Осмаков";
Подзона 65, паркинг просторот на улица ,,Љубљанска“
Подзона 66, паркинг просторот на улица „Петре Прличко" -покрај Автобуска станица Велес;
Подзона Б7, паркинг просторот на улица nАнгел Мишев" во близина на градски пазар;
Подзона Б8, паркинг просторот на улица ,,Ангел Мишев" во близина на Стар мост;
 Подзона Б9, паркинг просторот на улица „Нада Бутникошарева"

Во ЗОНА Ц се опфатени следните паркинг простори:
Подзона Ц1, улично паркирање на дел од улица д-р Христо Татарчев;
Подзона Ц2, улично паркирање на дел од улица 11-ти Октомври.

Услугата за користење на јавното паркиралиште од значење за општина Велес Зона А (црвена зона) се наплаќа: во работни денови од 07.00 до 21.00 часот; во сабота од 07.00 до 16.00 часот(зимно сметање на времето) односно во работни денови од 07.00 до 23.00 часот; во сабота од 07.00 до 17.00 часот(летно сметање на времето).

Услугата за користење на јавното паркиралиште од значење за општина Велес во Зона Б(жолта зона) се наплаќа:  во работни денови (од понеделник до петок) од 07.00 до21.00 часот;  во сабота од 07.00 до 16.00 часот (зимско сметање на времето) односно работни денови (од понеделник до петок) од 07.00 до 23.00 часот; во сабота од 07.00 до 17.00 часот(летно сметање на времето).

Во недела и на државни празници за користење на услугата за паркирање е бесплатна за сите корисници на јавните паркиралишта со наплата од отворен тип

Цената на паркинг картата во паркинг зоните, односно на јавните паркиралишта од затворен тип е утврдена согласно Ценовник на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта со наплата.

За жителите на Општина Велес, како и за деловните субјекти кои имаат седиште на јавните паркиралишта со наплата може да се воведат повластени услови за паркирање во однос на цената и времето на користење.
Наплатата на цената на паркирање се врши преку мобилен телефон или паркинг картички и издавање на повластени карти согласно Правилникот за начинот постапката за издавање на повластена паркинг карта за јавни паркиралишта со наплата, донесен од Управен одбор на ЈП парк- спорт и паркинзи Велес, а на кој согласност дава Советот на Општина Велес.

Локациите кои се утврдени како авто-такси стојалишта, автобуски стојалишта, пешачки премини како и локации за друга намена утврдени согласно Одлука на Совет на Општина Велес, не се предмет на оваа одлука и не влегуваат како локации во зонското паркирање.
Бесплатно паркирање, организаторот на паркингот одобрува на возилата на службата за итна медицинска помош, противпожарни возила, Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, и за службените возила на општината.

Доколку корисникот не изврши наплата на услугата за паркирање на начин согласно со оваа Одлука (наплата од мобилен телефон или го пречекорил временското ограничување на зоната), ќе се смета дека паркирањето е нелегално или непрописно паркирано.

За непрописно паркирано возило се смета она возило кое е паркирано надвор од обележаното место или е паркирано на место кое е наменето за друг тип на возила или корисници.

Во овие случаи, овластените лица на организаторот на паркирање врши блокирање на тркалата или отстранување на возилото од паркиралиштето со специјално возило- пајак.

сите одредби се интегрално преземени од донесените одлуки на Советот на Општина Велес

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »