речник контакт

Досега 130 апликанти за самовработување во велешко

Рокот истекува утре, петок

Петар Печков

На два дена пред завршување на рокот за аплицирање за самовработување, 130 жители на велешко се пријавиле а рокот истекува утре, петок. Државата обезбедува 10 илјади евра за лица до 29 годишна возраст а 7 илјади евра за лица над 30 годишна возраст. 

„Новитет годинава е што за аплицирање за оваа мерка лицата мора да имаат најмалку завршено средно образование, како и вклучување на повратниците од странство како категорија да можат да ги користат овие средства.Тие добиваат и 10 отсто бонус.  Преку здружување  на двацја апликанти во во ДОО од 14.000 до 20.000 евра. Шансите да добијат грант се големи“ – кажа  Марјан Ристески заменик министер за економија. 

Обврска на апликантот е најмалку две години да ја одржува фирмата. Парите не се добиваат во готови, туку прку проектот се плаќа за обезебдување на основни средства за работа, преку профактура но не и за закупнина. Оперативниот план за самовработување има обезебдено средства во висина од 22,5 милиони евра.

Од оваа мерка исклучени се земјоделска дејност, такси служба, продажба на оружје и муниција, приватни агенции за вработување, коцкарници, калдилници, игри на среќа, осигурителни компании. 

„Целта на овие мерки е намалување на невработеноста, развиање на локалната економија и да ги задржиме младите да останат во државата“ – додаде Ристески. 

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »