речник контакт

Досега во велешко запишани 563 првачиња

Лани и година претходно на училиште тргнаа по околу 600 првачиња

Петар Печков

До 10-ти јуни во велешките основни училишта се запишани 563 прво одделенци кои ќе посетуваат настава во учебната 2016/7 година.  

Најмногу се во ОУ Блаже  Конески 136, потоа следи ОУ Васил Главинов со  130. Во ОУ Св. Кирил и Методиј бројката е 79, во ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот има запишано  49 првачиња засега, во ОУ Благој Кирков 30. Во ОУ Рајко Жинзифов во Горно Оризари има  19 а во ОУ Стојан Бурчевски Буридан  од Иванковци 10 прво одделенци.  

Во подрачните училишта на ОУ Васил Главинов има запишано и дополнителни 88 првачиња. Најмногу се во Бузалково 43, во Сливник 22,  во Клуковец 14, во Превалец  6 и во Раштани  3.

Во подрачното училиште во село Црквино, кое припаѓа на ОУ Св. Кирил и Методиј има запишано  3 прво одделенци.

Во двете подрачни училишта на ОУ Благој Кирков има упис на 5 ученика, 2 во подрачното во село Караслари и 3 во село Чалошово.  

Во трите подрачни училишта на ОУ Стојан  Бурчевски Буридан има запишано 6 ученика, по 2 во селата Иванковци, Отовица и Сујаклари.  

Во подрачното училиште во Башино село, кое припаѓа на ОУ  Јордан Хаџи Константинов Џинот запишани се 5 ученици во прво одделение.  

Уписот на деца родени 2010/11 година  трае се до 1- ви  септември.  Споредбено во клупите за прв пат  во учебната 2015/6 седнаа во велешко  598 ученици  првачиња, еден помалку отколку во 2014/5 учебна година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »