речник контакт

Дошол од Данска за да ја натепа сопругата

Мирослав Т. (27) од Велес, кој бил на времена работа во Данска, пред две недели крвнички ја претепал неговата сопруга оти се сомневал дека таа го изневерувала со друг маж додека тој бил на печалба.

Петар Печков

Тој е уапсен и против него полицијата завчера поднесе кривична пријава за семејно насилство. Мирослав пред еден месец заминал да работи во Данска. Неговите пријатели го информирале дека сопругата го изневерува. 

Затоа веднаш одлучил да се врати и самиот да се увери во тоа дали неговата сопруга го изневерува или пак не. Кога пристигнал во Велес, куќата била затворена. Разбрал дека М.Т.Т. е кај нејзините родители во селото, по што Мирослав, откако набавил лисици за врзување и камера, се упатил да ја најде. 

Кога ја нашол во домто на нејзините родители насилно ја извлекол од домот во дворот и со лисиците ја врзал за оградата. Потоа ја соблекол гола и почнал да ја тепа и да ја распрашува кој е мажот со кого го изневерува. По претепувањето, со камерата почнал да ја снима врзаната соп¬ру¬га, која го молела да ја пушти.

Во тој момент излегол нејзиниот татко, кој успеал да ја одврзе, по што изневерениот зет се качил во автомобилот и заминал, оставајќи ја сопругата полугола. Случајот веднаш бил пријавен во полиција и Мирослав бил приведен и  по целосното документирање на случајот, му била поднесена кривична пријава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »