речник контакт

Дојде Кинеската Нова година, година на петел

Оваа 2017 е година на Огнениот Петел – според кинеските верувања тој носи силна енергија, но и голема забава во текот на годината

Петар Печков

Кинезите петокот на полноќ (по локално време) ја дочекаа Новата година, ана 28 јануари, започна Годината на петелот која ќе трае 13 лунарни месеци.

Кинеската Нова годиина најчесто се слави во кругот на семејството, се разменуваат подароци, се подготвува богата трпеза, се носи свечена облека. Наместо новогодишната елка којашто е симбол на празникот во целиот свет, Кинезите ги украсуваат своите домови со декорации од црвена хартија коишто означуваат среќа, здравје и благосостојба за домашните.

Вообичаено, еден дел од прославата е поврзан и со оддавање почит кон животното коешто ќе „владее“ таа година. Во кинеската астрологија има 12 животни. Минатата година беше во знакот на мајмунот, а од денеска почнува годината на петелот.

Оваа 2017 е година на Огнениот Петел – според кинеските верувања тој носи силна енергија, но и голема забава во текот на годината. Токму затоа се очекува ова да биде година на патувања.

Во знакот на Петел се родени луѓето кои се родени: 1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017 година. Следата Година на петелот ќе биде 2029.

Ова се луѓе кои сакаат да ги почитува околината, сакаат луѓето да „трчаат“ околу нив, сакаат да бидат пофалени за својата работа. Секогаш се трудат да достигнат совршенство и ретко кога успеваат дас е релаксираат.

За Кинезите петелот е симбол на храброст, добрина, верност, достоинство и добра волја. Бидејќи зависи од позицијата на Месечината, датумот на кинеската Нова Година се менува секоја година, но секогаш доаѓа во периодот од 21 јануари до 20 февруари.

Следната Кинеска  Нова Година  ќе се празнува  догодина  на 16 февруари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »